Опадна моќта на „Викторијас сикрет“: Супермоделите не продаваат


САД – Супермоделот Лаис Рибеиро ја „прошета“ својата неверојатна висина од 182 сантиметри на сцената минатиот ноември на годишната модна ревија на „Викторијас сикрет“, со нејзината идеална фигура која едвај се додржа во „фантастичниот градник“ на модната компанија.

Публиката полуде и беше невозможно да се претпостави дали тие ракоплескаат на градникот накитен со скапоцени камења со вредност од 2 милиони долари кој Рибеиро го носеше или на самата бразилска убавица.

Гледаноста на шоуто падна за 32 проценти од претходната година, во посакуваната демографска смисла – на само 5 милиони. Компанијата инсистира дека е сè уште најгледаниот моден настан во светот и дека повеќе луѓе го гледаат онлајн.

Можно е да е така, но 41-годишниот бренд, кој продава елеганција и сексапил, очигледно се заморил во својата средна возраст, велат критичарите.

На времето, кога беше меѓу најжешките и најозборуваните брендови во светот, „Викторијас сикрет“ објави намалена продажба во продавниците на локациите во САД во текот на седум последователни квартали, додека профитните маргини се истиснале и пописите се наполниле.

Тоа што е можеби уште повознемирувачки, помлади и поагресивни ривали сега ја обележуваат „Викторијас сикрет“ како група гладни ајкули – секој со маркетиншки трик кој се поврзува со младите жени.

„’Викторијас сикрет’ е пример за компанија која сметаше дека е премногу голема за некогаш да доживее неуспех“, изјави уредникот и основачот на „Линџери адикт“, Кора Харингтон. „Не верувам дека некогаш помислиле дека американските потрошувачи ќе се обратат на друго место“.

Што се случи? Како би можел една легендарна модна линија, која беше стандарден носител на сето она што се смета за секси, со огромна ценовна моќ и еден куп супермодели, да падне толку ниско?

Самонанесени рани, велат експертите од индустријата.

Некогаш ефективната маркетиншка стратегија на „Викторијас сикрет“ за користење супермодели – Хајди Клум, Жизел Бундшен и Џиџи Хадид се главните „ангели“ – ѝ се врати со лошо на компанијата од Колумбус, Охајо.
„Со децении го има истото позиционирање, поврзувајќи го поимот ‘секси’ со супермодели и тоа едноставно повеќе не функционира“, рече Коник.

Движењето #MeToo, кое експлодира во јавната свест минатиот октомври, не помогна. Оттогаш имиџот на брендот уште повеќе паѓа, според една неодамнешна анкета на „Југов“.

„Обичните луѓе не можат да најдат ништо заедничко со „ангелите“, додека продавниците изгледаат како застарен будуар“, забележа консултантот за малопродажба Габриела Сантаниело од „А-лајн партнерс“.

„Викторијас сикрет“ набљудуваше од маргините како поголем број од нивните ривали ги освојуваат модните трендови со покрупни модели и истите процветаа. Исто така, компанијата не успеа да реагира како нови конкурент, како на пример, брендот „Иглс ери“, кој ги намали цените за половина.