Околу 50 милиони денари годишно губи Кавадарци поради неработењето на „Фени”

Околу 50 милиони денари годишно губи Кавадарци поради неработењето на рудникот кој е во рамките на „Фени индустри”. Порано, тие пари се слеваа во буџетот на локалната самоуправа на име концесија. Информацијата за МИА ја потврди Цанка Јовановска, раководител на Секторот за финансии при општината.

– Тие средства всушност секоја година се планираат во буџетот, но условени се од ископот во рудникот. А последните две години не се вршеше ископ, само се увезуваше руда. Во такви услови немаше и концесија по тој основ. Засега има многу мали приходи по основ на геолошки истражувања на опфатот, појасни Јовановска.

Според неа, општината се надева и верува дека најбрзо ќе бидат надминати проблемите со кои се соочува кавадаречкиот комбинат