Од 49 автобуси, 16 се неисправни, осум со расипани кочници

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 21.02.2019 година во периодот од 08.00 до 13.00 часот спроведе зајакната акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.
Од страна на полициски службеници контролирани се 49 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз. Сите возила се упатени на вонреден технички преглед, при што биле констатирани вкупно 16 неисправности и други недостатоци. Кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај две уредот за управување, три имале неисправни светлосно-сигнални уреди, а едно неисправни останати уреди., додека две возила немале  комплетна опрема.
По наведените прекршоци преземени 44 мерки и тоа: поднесени се 12 барања за поведување прекршочна постапка, издадени се 18 прекшочни платни налози, а 14 возила се исклучени од сообраќај. Исто така, при акциската контрола, откриени се и два други прекршоци што ги сториле автобуси и други возила што вршат јавен превоз. Додека, исто така, откриени се 12 прекршоци кај останатите учесници во сообраќајот и на нив им се издадени девет мандатни платни налози и три прекшочни платни налози.