Одложен стечајот на „МПМ“: На рочиштето не се појави претставник од фирмата

На денешното судско, подготвително рочиште, во Основниот суд Скопје 2 – Скопје, не се донесе одлука со која за фирмата „Медиа Принт Македонија“ ќе се дозволи отворање на стечај, пишува Правосудство.мк

Имено, на подготвителното рочиште беа дојдени предлагачи на стечај, претставници на физички и правни лица кои се јавуваат како доверители, времениот стечаен управник Живко Калков, но немаше претставник на „МПМ“.

Судијкта, Ирена Петрушевска, во записник констатира дека должникот, МПМ, нема уредно примена достава за присуство“ и дека нема добиено предлог за отворање на стечај.

Неприсуството на овластени претставници на „МПМ“ е единствената причина поради која судијката Петрушевска мораше да донесе решение со кое новото рочиште го презакажа за осми, следниот месец.

Целиот текст прочитајте го тука.