Одбиено барањето за изземање на обвинителот во случајот на убиството на Алмир
Основното јавно обвинителство Куманово го одби како неосновано барањето за изземање на обвинителот што претходно го побара адвокатот на обвинетите за насилство, Асмир Алиспаиќ во случајот против обвинетиот за убиство Бобан Илиќ, кого обвинителството го товари дека го убил четиригодишниот Алмир Алиу.
Адвокатот на второ, трето и четвртообвинетиот, побара, а судот одобри повторно испитување, но овој пат директно на веќе сослушаните сведоци. Денеска повторно беше разгледан и видео материјалот од настанот кој се случи пред речиси две години. Судот ги одби останатите од предлог списокот на докази кој го достави адвокатот Алиспаиќ, појаснувајќи дека можеле да бидат предложени во досегашниот тек на постапката. Адвокатот во предлог листата на докази побара повторно сослушување на вештаците -психијатрите од Клиниката за невроспихијатрија, на сообраќајните вештаци, сведочење на тројца, според него очевидци на настанот, движење на автомобилот на Илиќ преку, google map и други писмени докази во насока на утврдување на околности за насилство на неговите клиенти и други околности за утврдување на фактичката состојба.
Претходно поминаа 90 дена од последното рочиште, така што појасни адвокатот на оштетените, Ибрахим Бајрами процесот отпочнува од почеток. Тој додаде дека судот одобрил единствено сослушување на братот и девојката на обвинетиот Илиќ и додаде при разгледувањето на видео материјалот, тој и адвокатот Алиспаиќ имале забелешки на претходно составениот записник во судот, по однос на описот на дел од втората видеоснимка и побрале поточно утврдување на опишаното.
Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни 2016 година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна банална вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. Осомничениот, се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“. За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.
Наредното рочиште е закажано за 5 март годинава.