Обвинителството постапува за заканите кон Селмани

Скопското Јавно обвинителството ќе постапува по случајот за заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани

– Во Основното јавно обвинителство Скопје на 9 март примено е писмено известување од СВР Скопје – Единица за насилен криминал и веднаш е распоредено кај надлежен јавен обвинител кој постапува по предметот, велат за МИА од Служба за односи со јавноста на ЈОРМ.

Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител презема дејствија за прибирање на потребни податоци.

– Повикани се и оштетениот и лицето што го дало коментарот за да дадат исказ во обвинителството, велат ЈОРМ.