Номинации за „Златен глобус“: Води „The Shape of Water“ на Гилермо де Торо во 7 категории
САД- „The Shape of Water“ на Гилермо де Торо води во номинациите за „Златен глобус“, објавени синоќа во Лос Анџелес. Фантастиката, која зеде и „Златен лав“ во Венеција, ќе се натпреварува во седум категории, меѓу кои за најдобар филм, режија, најдобра актерка (Сали Хокинс), споредна машка улога (Ричард Џенкинс) и женска улога (Октавија Спенсер).
„The Post“, филмот за Вашингтон пост на Спилберг, воениот „Dunkirk“ на Кристофер Нолан, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ на Мартин Макдона и романтичниот „Call me by Your Name“ се останатите во категоријата за драматичен филм. Во категоријата за мјузикл / комедија се номиринани „The Disaster Artist“ – филмот за „најлошиот филм на светот“, хоророт „Get Out“, „I, Tonya“ – за натпреварувачката во уметничко лизгање Тоња Хардинг, „Lady Bird“ на Грета Гарвиг и „The Greatest Showman“.
Том Хенкс и Мерил Стрип се номинирани за главните улоги во „The Post“. Хенкс ќе се натпреварува со други легендарни носители на статуетката како Даниел Деј Луис („Phantom Thread“) Дензел Вашингтон во „Roman J. Israel“, со дебитантот Тимоти Чаламет од „Call me by Your Name“, како и со Гери Олдман во „Churchill“.
Извонредниот Британец е номиниран за прв пат за која и да е од двете големи американски награди и е сметан за „еден од најголемите актери кои никогаш не биле номинирани за „Оскар“. Од своја страна Олдман изјави пред години дека „Глобусите“ се заинтересирани само за рејтингот на ТВ, но не и за уметноста.
Кај актерките, битката исто е супертешка: Мишел Вилијамс за „All the Money in the World“, Џесика Честејн за „Molly’s Game“, споменатите веќе Мерил Стрип и Сали Хокинкс, како и Френсис Макдормонд за „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“.
Гилермо дел Торо, Стивен Спилберг, Мартин Макдона, Кристофер Нолан и Ридли Скот (за „All the Money in the World“, филмот, од кој Кевин Спејси беше „избришан“) очекувано се номинирани во режисерската категорија.
Чилеанскиот „A Fantastic Woman“, „First They Killed My Father“ на Анџелина Џоли, „In the Fade“ на Фатих Акин, „Loveless“ на Звјагинцев и „The Square“ на Рубен Естлунд, со круната од Кан, ќе се натпреваруваат за најдобар филм.
Церемонијата ќе се одржи на 7-ми јануари.