Нови лебови од Жито лукс- пребиотски, протеински, фит и 100% ржан леб

Жито Лукс ја збогати понудата на пазарот и во својата широка палета лебови додаде четири нови специјални видови леб: 100% интегрален тост со пребиотик, протеински, 100% ржан и ФИТ тост леб, кои претставуваат одговор на барањата на пазарот и се идеални за сите оние кои се грижат за својата исхрана.

100% интегрален тост со пребиотик  е направен од 100% интегрално пченично и ’ржано брашно.

Новиот 100% ‘ржан леб на Жито Лукс има висока хранлива вредност, затоа што ‘ржаното брашно е богато со повеќе витамини и минерали кои се значајни за здравјето на луѓето и нормално функционирање на метаболизмот.

ФИТ тост лебот е направен по специфична рецептура, без додаток на масни компоненти и шеќери.

Новите специјални лебови на парчиња со продолжена свежина, како и сите останати производи на Жито Лукс кои се присутни на пазарот, се со врвен квалитет, неприкосновен за компанијата, кој директно произлегува од употребените висококвалитетни и природни состојки како и од модерниот технолошко-производен процес.