Дизајнерката Кејт Спејд се самоубила зашто не сакала да се разведе


САД – Модната дизајнерка Кејт Спејд се самоубила, откако паднала во длабока депресија поради семејни проблеми, соопшти порталот ТМЗ.

Педесет и пет годишната Спејд не сакала да се раздели со сопругот по 24-годишен брак. Дизајнерката била во длабока депресија, откако тој го напуштил семејниот дом и побарал развод.

Безживотното тело на Спејд беше откриено во нејзиниот стан во Менхетен. Таа оставила смртна белешка за нејзината 13-годишна ќерка. Според „Њујорк тајмс“, во белешката се вели дека за причините за трагедијата таа треба да го праша својот татко.

Кејт Спејд била од првиот бран на американски современи дизајнерки чиј подем започнал во 90 години. Изградила бренд за облека и аксесоари кои ги обожувале жените со стил. Таа самата претставувала олицетворение на сопствената естетика, со фризура од 60 – те, големи очила и широка насмевка, кои ги маскирала со високата професионалност, сериозна посветеност во работата и амбиција да создаде глобален тренд.

Спејд својата компанија ја продала во 1999 година, која потоа повторно ја препродала. Иако цело време била лице на својот бренд, нејзиниот сопруг во едно интервју изјави дека таа никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието.