Нико Ковач тренер на годината во Германија


Германија-Хрватскиот фудбалски стручњак Нико Ковач доби најмногу гласови во изборот за најдобар тренер во Германија спроведен од магазинот „Билд“.

Ковач го предводеше Ајнтрахт Франкфурт до трофејот во Купот на Германија.

– Ова признание не ми припаѓа само мене туку на целиот тим и стручен штаб на Ајнтрахт, изјави хрватскиот тренер на церемонијата на доделувањето на наградата во Хамбург и потенцира дека таму е претставник на тимот од Франкфурт.

Од оваа сезона Нико Ковач е тренер на германскиот шампион Баерн Минхен со кого го освои Супер купот по триумфот над неговиот поранешен тим Ајнтрахт.