Никол Кидман по 27 години прозборе за спонтаните абортуси


САД– Пред 27 години познатата глумица Никол Кидман имала вонматерична бременост и го изгубила првото бебе со поранешниот сопруг Том Круз. Но, болката која тогаш ја чувствувала не поминува ниту денес.

Во емотивно интервју за британскиот “Tatler”, Никол, која е инаку мајка на четири деца, проговори за првото дете кое го изгубила на 23 години додека била во брак со Том Круз како и за тоа дека оваа тема и понатаму е табу.

Втората бременост пак, која ѝ се случила пред крајот на бракот на овој пар исто така била неуспешна, но за разлика од претходната, овде станувало збор за спонтан абортус.

“Ја знам желбата… тоа е огромна, болна желба. И губиток! Губењето на дете поради спонтан абортус е нешто за кое не се зборува доволно. Тоа за жените е огромна жалост”, рекла Кидман.

Никол и Том биле во брак 10 години и имаат посвоени деца, Изабела и Конор.

“Огромна е дозата на болка и огромна е дозата на радост од другата страна”, рекла Никол за тоа какво е чувството да станат родители.

После разделбата од Том Круз, Никол во 2006 година се омажи за кантри ѕвездата Кит Урбан со кој има две ќерки Сандеј Роуз и Фејт.