Нетанјаху: Протерувањето на дипломатите јасна порака на Рама до иранскиот режим
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пофали својот албански колега Еди Рама за протерувањето од Албанија на иранскиот амбасадор Галамхошеин Мохамадниа и уште еден дипломат под обвиние „за терористички заговори на територијата на Албанија“.
– Важни вести од Албанија денеска. Албанскиот премиер Еди Рама го протера иранскиот амбасадор од Тирана. Со ова, премиерот Рама испрати јасна порака до радикалниот исламистички режим на Иран – дека заговорите за терористички напади имаат цена, пишува Нетанјаху.
Како што пренесуваат албанските медиуми, протерување на иранските дипломати од албанските власти било побарано претходно. Поради оддолжување на тоа, Нетанјаху ја одложил најавената посета на Тирана на први минатиот месец, што ќе беше прва посета на израелски премиер на Албанија.
Денеска писмо со благодарност до премиерот Рама испрати американскорт претседателот Доналд Трамп во кое стои дека протерувањето е „пример за амерканско-албанските напори да и покажеме на иранската влада дека нејзините терористички акции во Европа и светот ќе имаат сериозни последици “.
И советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, изрази поддршка за премиерот Еди Рама и албанскиот народ во борбата против тероризмот.
Протерувањето на иранските дипломати од Тирана го поздрави и амерканскиот државен секретар Мајк Помпео, оценувајќи дека „светот треба да биде обединет во санкциите кон Иран, со цел да го смени однесувањето.