Непознати демо снимки на „Нирвана“ на Интернет


САД- На интернет се појавиле четири непознати демо снимки на групата „Нирвана“, култниот рок бенд од деведесеттите години на минатиот век, откако на Јутјуб ги поставил музичар кој тврди дека тие снимки му ги дал лично Курт Кобејн. Меѓу „сировите“ аудио снимки, кој ги објавил вашингтонскиот музичар Џон Парки, се наоѓаат демо снимки со нумери од албумот „Bleach”, кои наводно биле снимени за време на првата проба на „Нирвана“ во студиото „Reciprocal” во Сиетл во 1988. година, пишува NME. Снимките настанале пред на „Нирвана“ да и се приклучи тапанарот Чад Ченинг, па на нив може да се слушне Дејл Кровер, тапанарот на групата „Мелбилс“, кој со „Нирвана“ свирел на нивниот деби албум.

На втората објавена касета се наоѓаат демо снимки со песни од легендарниот албум „Nevermind” на кои на тапаните бил Ченинг, но пред Дејв Грол да стане член на бендот. Во видео материјалот кој ги придружува демо сниките, Џон Парки објаснува како со членовите на „Нирвана“ остварил близок однос после нивниот настап во Вашингтон.