Неделен хороскоп

ОВЕН

Работа: Важно ви е да ги завршите своите ангажмани на време и да се раздолжите онаму каде што треба . Со Сонцето во Водолија и Марс од Стрелец, добивате повеќе нови идеи и елан.
Љубов: Ова е поле каде што ќе има случувања и ќе уживате во својата романса. Ќе се појават повеќе можности за запознавање на нови личности, во чие друштво ќе уживате со леснотија.
Здравје: Виталноста ви се враќа, како и доброто расположение, штом планетите го напуштаат вам несклониот Јарец, па постепено ќе увидите колку сте биле силни минатиов период. Радост.

БИК

Работа: Со Месечината во вашиот знак доаѓате во прв план, но повеќе ќе сакате да се повлечете, да ги прегрупирате силите, да се реорганизирате, работејќи само на основното.
Љубов: Постојат работи кои треба да се решат, идеи да се остварат, соништа да се насликаат, но вам ви е потребно уште време и не можете да донесете одлука, па ќе се повлечете во осама.
Здравје: За вас ова е период кој важи за распуст и кој сѐсрдно би го минале на планина или непосредната природа, каде што ќе ги наполните батериите и медитирате за инспирација.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Откако Марс ќе ја напушти длабоката Шкорпија, ќе најдете време да здивнете и со радост ги рафинирате деталите. Креативни активности, цртање, декор и музика.
Љубов: Би можеле да се сретнете со некоја пријателска личност со која се знаете одамна или во постоечката врска да се фокусирате на своите цели во иднината. Откривајте нови работи.
Здравје: Викендов ќе биде нагласена вашата променлива природа, па транзитот На Месечината во вашиот знак може да ја потенцира анксиозноста и стресот. Каде лежи коренот на проблемот?

РАК

Работа: Сега ќе видите дека иако е добро да знаете што треба да се случи на работното место, подобро ќе биде да си ги чувате импресиите за себе. Чувајте го својот дигнитет и чест.
Љубов: На ова поле ќе треба да внимавате да не правите пренагласени напори и на тој начин да се наметнувате себе. Внимавајте некоја повозрасна женска личност да не ви ги мрси конците.
Здравје: Можно е да ги потиснувате своите чувства и на тој начин да си предивикувате непријатности и болки или да реагирате непотиснато, па да не знаете кога да се повлечете.

ЛАВ

Работа: Со Сонцето и Венера во Водолија ќе имате многу шанси да засновате повеќе партнерства, во кои ќе ги покажете своите таленти, а и да добиете финансиски фидбек.
Љубов: Штом Марс прејде во авантуристичкиот Стрелец и вие ќе бидете поттикнати на акција во интимните одаи и ќе имате многу шанси да контактирате со интересни и забавни луѓе.
Здравје: Неочекуваните новости до кој доаѓате на секојдневна база го будат вашиот дух и генерално би требало да се чувствувате пријатно. Кондицијата се подобрува и вие сте среќни.

ДЕВИЦА

Работа: Секојдневните должности ви се олеснети со транзитот на Сонцето и Венера во Водолија и може да се каже дека сте во совршен баланс и задоволство поврзано со ова поле.
Љубов: Се договарате за сериозни теми во вашата врска и се чини дека сега е полесно да се дојде до непристрасен заклучок. Минете повеќе време заедно откривајќи заедничики теми.
Здравје: Поддржани од најблиските полесно го минувате овој период кој ви пружа огромна релаксација и полнење на батериите. Наоѓате начин да се справите со сите мали детали.

ВАГА

Работа: Соочени сте со некакви одолговлекувања и имате чувство дека не можете ниту напред, ниту назад. Сакате да ги подобрите животните услови, но сеуште не знаете како.
Љубов: Што се однесува до романсата, се чини дека минувате голем дел од времето преиспитувајќи се како понатаму. Пред сѐ, најважно е да знаете што сакате од таа врска.
Здравје: Не му дозволувајте на мрачното расположение да ви го распие физичкото здравје. Умот и телото се поврзани, затоа обидете се да видите што сѐ го оптеретува вашиот дух.

СКОРПИЈА

Работа: Се соочувате со започнати проекти, кои бараат да се ревидираат, па можеби ќе сакате да се повлечете на кратко, за да се вратите поорганизирани и продуктивни. Осама.
Љубов: Се чини дека личните врски не се вашиот приоритет за сега, а можеби сте оддалечени од саканите поради некоја причина. Сепак обидете се да минувате повеќе време заедно.
Здравје: Не дозволувајте нерасположението да ви го расипува секојдневието. Најдете време за некој ритуал, како пиење чај или слично, обидувајќи се да најдете подлабока смисла околу вас.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Се соочувате со успех и добивки кои ќе ве поттикнат да превземете уште поголеми ангажмани. Внимавајте да не претерате и да се залетате во нешто непромислено.
Љубов: Можеби вашите сакани минуваат низ некоја криза и им е потребно само некој да ги сослуша и поддржи. Не се претварајте дека не се соочувате со проблеми, разговарајте за нив.
Здравје: Се чини дека сте претерале на ова поле не водејќи сметка за тоа колку се трошите, како се храните и дали се одмарате соодветно. Витамини, масажа и распуст ќе е идеално за вас сега.

ЈАРЕЦ

Работа: Размислувате за необични идеи полни со идеализам и нежна љубезност. Имате чувство за такт, убаво и шарм. Работите ќе се движат во сакана насока, па ќе добиете на време.
Љубов: Ќе се среќавате со многу луѓе, а со дел од нив ќе успеете да воспоставите поблиска комуникација и да дојдете до конечни договори. Одличен период за откривање на чувствата.
Здравје: Ве напушта сериозното расположение, па од поголема дистанца сваќате дека најтешкото е позади вас. Ќе бидете добри и кондицијата треба да е добра и во подем.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ќе имате среќа да налетате на некоја авторитетна фигура, а која ќе биде многу љубезна и сочувствителна. Можно е формирање на тим со некој кој е високо ценет.
Љубов: Овој период ќе имате шанси да налетате на некој прилично сочувствителен карактер, балансирана личност со широко срце. Убави новости на ова поле кои ќе ви влеат мир.
Здравје: Доколку до сега сте контактирале со доктор за вашите симптоми, добро е да знаете дека треба да им верувате на советите што ви се дадени. Добри вести, грижа, нега и диета.

РИБИ

Работа: Многу е веројатно дека ќе добиете некаква покана за работа и ангажман, која ќе ви одговара многу и ќе ви оди во прилог. Не обрнувајте внимание на оговарањето наоколу.
Љубов: Се чини дека сте прилично атрактивни и зрачите со необичен и таинствен шарм, а тоа ќе ви освои многу симпатии кај спротивниот пол. Ќе има и такви што ќе ви се фрлаат под нозе.
Здравје: Интуицијата ви е многу нагласена, па доколку сметате дека треба да направите некои прегледи кои не се направени до сега, немојте да чекате повеќе. Отсранете ги сите дилеми!

Пишува: Ирена Танчева, tanceva@yahoo.com