Неделен хороскоп – од 19 до 26 јануари

ОВЕН:

Работа: Викендов ве очекува завршување на дел од ангажманите и размислување на следните. Во меѓувреме ќе броите што сѐ сте заработиле и каде тоа треба да го раздолжите.

Љубов: Имате повеќе идеи како да се остварите на љубовното поле, па чувствувајќи се сигурно и привлечно ќе најдете време да откриете како да му се приближите повторно на својот сакан.
Здравје: Освен променливите расположенија и ненадејни главоболки, добро ќе биде да обрнете внимание на репродуктивниот систем, како и на циркулацијата во нозете. Време за одмор.

БИК:

Работа: Со Младата Месечина и транзитот на Венера во Водолија сосема неочекувано ќе добиете нови понуди, кои ќе ви донесат стабилен приход, без оглед на неговата височина.
Љубов: Партнерското поле е нагласено, па од викендов натаму ќе најдете повеќе време да разговарате со љубените за животно важните теми. Слободно прифатете ги поканите за забава.
Здравје: Генерално треба да сте во добра кондиција, но доколку чувствувате дека нешто не е во ред, не се двоумете да појдете на лекар и да ги направите потребните анализи. Раздвижување.

БЛИЗНАЦИ:

Работа: Поддржани од Марс, сега сте веќе спремни да дејствувате и да се изборите за позициите кои сметаат дека ви припаѓаат. Внимавајте тоа да не го направите многу агресивно.
Љубов: Со Месечината што расте ќе се појават шанси за започнување нешто ново, а доколку веќе сте во врска, нешто што веќе се одвива може да престане. Кажете сѐ што ви лежи на душа.
Здравје: Крајно време е да запрете со лошите навики, па дури и тие да се добри. Што е многу, многу е. Грижете се за себе, за да може потоа да се грижите и за останатите околу вас. Вежби.

РАК:

Работа: Освен што сте загрижени за финансиската состојба, како и прекумерната работа, сега ви е потребно да ги разјасните сите нејаснотии и да најдете време за пауза. Премореност.
Љубов: Добро е да знаете дека вашата преголема самозаштита не ве води никаде, па најдете време да им се отворите на саканите. Дајте им време или најдете го истото за себе.
Здравје: Чувствувате дека ова не е баш најповолен период за вас, па покрај константните болки, може да се случи да изнајдете еден куп нови, кои ќе треба потоа да се докажат. Одморете се.

ЛАВ:

Работа: Тоа што се грижите околу својата работа и резултатите од неа нема да ви е од корист. Добро е да се фокусирате на она што можете да го контролирате и да побарате совет.
Љубов: Вашиот немир може да се рефлектира и на квалитетот во врската, па добро ќе биде да зборувате отворено со своите најблиски и сакани. Развивајте доверба и бидете трпеливи.
Здравје: Не дозволувајте нагласената анксиозност и неостварени планови да го растревожат вашиот сон. Внимавајте на сѐ што внесувате во уста, од лекови, храна, алкохол, но и цигари.

ДЕВИЦА:

Разни договори и нови проекти и ангажмани поддржани од Месечината и Венера во Водолија, кои ќе доведат до балансирани партнерства и уживање на работното место. Естетика.
Љубов: Полето задолжено за љубов е полно со планети кои ќе осигураат дека ќе има многу случувања и договори на солидна основа. Постои голем потенцијал за вистинска и топла љубов.
Здравје: Во глобала земено ќе бидете во добра состојба. Покрај повремените стомачни тешкотии, најдете време за нега, одмор и некој кој ќе ви раскаже нешто повеќе за билките.

ВАГА:

Работа: Се доближувате до период кој ќе ве доведе до извесен успех и признанија, но добро ќе биде да сте повеќе организирани и продуктивни. Со големо внимание довршувате сѐ.
Љубов: Вашето петто поле укажува на тоа дека би можела да се појави некоја стара љубов, но се чини дека не сте баш расположени за романтични чувства и дека на двајцата ви треба време.
Здравје: Имате чувство дека носите премногу одговорности, па затоа најдобро ќе биде да најдете време да минете во домот и да прочитате некоја книга и сл. Најдете време за себе.

СКОРПИЈА:

Работа: Вашиот владетел Марс веќе храбро чекори напред и многу е веројатно дека ќе се сретнете со нови шанси за напредок. Ќе бидете зафатени и ќе успеете да постигнете многу.
Љубов: Очекувајте случки кои може да ве бутнат на земја и расположат до небо! Доколку до сега не сте во врска, ова ќе е одличен приод за запознаете некоја особено интересна личност.
Здравје: Можеби е време да забавите малку за да ја зачувате енергијата што ви лета на сите страни. Верувајте и на својата сила за трансформација и угодете ѝ на душата колку што можете.

СТРЕЛЕЦ: Работа: Ги комплетиравте и завршивте започнатите проекти дизајнирани по ваш терк. Очекувајте признанија и награди кои се заслужени. Ве очекува време на просперитет и радост.
Љубов: Се сугерира да појдете на пат каде што може да сретнете судбинска љубов или да ја разгорите страста на старата романса. Барем вие не сте срамежливи да зборувате со старци.
Здравје: Би требало да сте во оптимална состојба сега. Сепак, доколку е потребно, консултирајте се за алтернативните начини за лекување, кои може да ви помогнат многу. Јога.

ЈАРЕЦ: Работа: Иако сте започнале повеќе работи, сепак имате потреба дел од нив да ги сочувате во тајност, да одлежат и повторно да се стават на размислување. Бидете трпеливи.
Љубов: Може да постои чувство на оддалеченост меѓу вас и вашите сакани, а дистанцата ќе ја намали само отворен дијалог. Можеби ви е потребно само време да минете сами со себе.
Здравје: Иако можеби чувствувате ситни тешкотии, сепак здравјето ќе ве служи добро. Бидете благодарни за тоа и не се форсирајте, туку најдете време да одморите и да се освежите.

ВОДОЛИЈА:

Работа: Можеби се соочивте со нечесност на работното место или со своите непромислени изјави. Можни се нефер игри и односи, па затоа внимавајте на својата чесност.
Љубов: На ова поле треба да сте искрени со себе и да се прашате што всушност сакате? Шанси ќе има и ќе бидете прилично атрактивни, но прифатете ја реалноста и бидете отворени со себе.
Здравје: Многу е веројатно дека повеќе фактори ќе ви предизвикаат стрес, па ќе треба да најдете начин да се артикулирате, наместо да ја чувате фрустрацијата во себе. Релаксација.

РИБИ:

Работа: Се соочувате со некакви тестови и искушенија, па сте дури и премногу внимателни за да ги увидите потенцијалните понуди. Сега сте спремни за сѐ, за почеток и крај.
Љубов: Добро ќе биде ако прекинете да ја дисекцирате до најмали детали својата врска. Дајте им на саканите време и слобода и имајте во предвид дека за некои работи е потребно време.
Здравје: Најдете време да се одморите бидејќи преголемата нервоза и стрес може да ѝ наштетат на вашата кондиција. Хранете се добро и квалитетно и фокусирајте се на позитивното.

Пишува: Ирена Танчева