На 57 години: Се ожени Хју Грант
Англија- Хју Грант, кој одигра толку улоги на мажи, кои се плашат од врзување (сетете се на неговите филмови „Четири венчавки и еден погреб“, „Морис“, „Нотинг Хил“) – се ожени. Дамата, која успеа за првпат да му стави венчален прстен на 57-годишниот актер е долгогодишната негова девојка и мајка на три од вкупно петте негови деца – Ана Еберштајн. Таа е Швеѓанка, има 39 години е и е телевизиски продуцент.
Според „Daily Mail“ церемонијата се одржала во исклучително тесен семеен круг, невестата била во едноставен бел фустан и блуза, а брачниот нејзин прстен бил обична златна бурма. Затоа пак Хју, кој до неодамна се колнеше во интервјуа, дека никогаш нема да се ожени, бидејќи бракот е „рецепт за взаемна несреќа“, избрал за себе доста екстравагантен прстен – сребрен со три камења во црвена боја.
Хју Грант е роден во Лондон, во семејство на аристократи и воени лица. Завршил англиската литература во Оксфорд, со почести при тоа. Признава дека најпрепознатлива карактеристика на неговиот карактер е неговата „длабока мрзеливост“. Во киносредите е познат е по тоа што секогаш ја држел својата кариера под апсолутна, единствена контрола и ако агентот не бил согласен со тоа, се разделувал во секунда.
„Јас никогаш не прифаќам совети од никого“, вели Хју Грант.