На јахта од 90 илјади евра дневно: Наоми Кембел крстари по Јадранот
Хрватска– Супермоделот Наоми Кембел деновиве се одмора на Хрватското приморје .
Познатиот ,,Црн Пантер “ заедно со француската актерка Фарида Келфа и дизајнерот за ентериер Винсент Даре крстари по Јадранот во луксузна јахта , чиј неделен наем е околу 90 000 евра.
Според објавите на Инстаграм , Наоми во Хрватска пристигнала од Црна Гора на 45 метри долгата луксузна јахта со пет кабини , која прима десет патници и уште толку членови на екипажот.
Неделниот закуп на ваква јахта чини околу 90 000 евра. Наоми е снимена како се сунча на палубата и весла со кану . Во вечерните часови е забележана и на вечера во Дубровник.
Јадранското море е атрактивна дестинација за богаташите и славните. Во близина на атрактивните хрватски острови секоја година крстосуваат Бил Гејтс, Стивен Спилберг, и други.