Националните телевизии во правна битка против повредата на авторски права

Со кривични пријави националните телевизии ќе се борат за заштита на авторските права. Од здружението на петте национални телевизии Македонската медиумска асоцијација (ММА) посочуваат дека кабелските оператори и натаму нелегално реемитуваат странски канали.

Обивнителството ја процесираше првата кривична пријава која телевизија Телма пред скоро една година ја поднесе против кабелски оператор кој реемитувал спортски настан за кој телевизијата ги откупила авторските права. Адвокатот Дуковски вели дека проблемот со пиратеријата не е до законските решенија, туку нивното непочитување.

Заштитата на авторските права е строго регулирана во западно евроспките земји, додека кај нас новиот закон за медиуми останува заглавен во Собранието. Дуковски вели дека ред во медиумскиот сектор може да се стави и со поголема ажурност на Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство и преку покренување постапаки по констатирани нерегуалрности од страна на Агенцијата за медиуми.

Адвокатот најави и проширување на кривичната пријава. Почнавме правна битка, бидејќи Телма трпи штета, потенцираше адвокатот, откако утринава директорот на Телма даде исказ во обивнителството, во својство на оштетен.

Од ММА велат дека нивната програма е со целосно регулирани авторски права, за разлика од кабелските оператори кои работат спротивно на законот. Најавуваат дека се решени да ги заштитат авторските права и да не дозволат реемитување на телевизиски содржини за кои не се платени правата.