Наскоро одлука за отпочнување на изградбата на Клинички

Делегација на Банката на Советот на Европа на денешната седница на Владата на Република Македонија ги презентираше опциите за активирање на изградбата на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ), со вклучени експертски мислења за предвидените опции и алтернативи во однос на локацијата на УКЦ.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, била искажана јасната определба на Владата на Република Македонија дека ова е еден од најважните приоритети во оваа година, и дека се очекува конечната одлука за најдобрите опции за изградба на Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“ да биде донесена наскоро.