МПМ пред стечај, утре судско рочиште

Во Основниот суд Скопје 2 утре треба да се одржи подготвително рочиште, по барање за отворање стечајна постапка за Медиа Принт Македонија.

Според наши сознанија, фирми кои се јавуваат како доверители побарале отврање стечај. Но, стечајот ќе биде отворен по барање на Комерцијална банка која има наводно големи побарувања од МПМ.

фото-архива – штрајк во МПМ

Пред повеќе од половина година стечај беше отворен на Графички центар – Скопје, фирма мајка на МПМ, а која до 1 мај минатата година ги издаваше дневните весници „Утрински“, „Дневник“, „Вест“ и неделникот „Теа -модерна“.

МПМ ги отпушти своите стотици вработени, но не ги исполни своите законски обврски кон нив.

Затоа, сега се очекува и вработените да преземат побарувања од стечајната маса.

 

(Н.В.)