Моќниот продуцент ќе се брани од слобода: Вајнстин ослободен со кауција од еден милион долари
САД- Холивудскиот моќник Харви Вајнстин ќе може да се брани од слобода , откако плати еден милион долари кауција.Тој е обвинет за сексуален напад на над 70 жени , додека работел како еден од најголемите продуценти во Холивуд. Осомничениот денес самиот се предаде во полицијата во Њујорк , по што беше однесен пред судија. 66- годишниот Вајнстин е обвинет за силување и за сексуален напад.
Вајнстин не зборувал во судницата , каде обвинителот Џоан Илуци рече дека поранешниот могул ја искористил својата положба , пари и моќ да ги стави младите жени во состојба во која можел сексуално да ги злоупотреби.
Неговиот адвокат тврди дека продуцентот не е виновен и оти нема докази за сторено кривично дело.