Министерството ќе ги врати директорите на училиштата кои ги избрка Таравари

Министерството за образование и наука ќе ги врати на старите позоции разрешените директори во неколку општински училишта во Гостивар кои останаа без работа по налог на градоначалникот Арбен Таравари. Во случајов, Министерството го спроведе решението на второстепената комисија со која се укинати именувањата на директори во неколку општински улишта во Гостивар од страна на градоначалникот. Оваа реакција на МОН следува откако пред еден месец на градоначалникот му беа одземени надлежностите за именување и разрешување на директори на општински основни и средни училишта. Од МОН појаснуваат дека наскоро сменетите директори треба да се вратат на претходните работните места.

„Со спроведувањето на последното решение работите се враќаат во претходнаата состојба. Таму каде што ќе биде утврдено дека на директорите им истекол мандатот, ќе бидат назначани вршители на должноста“, велат од МОН.

За градоначалникот, пак, ова е политички мотивирана одлука, и смета дека корените имаа политички реваншизам.

„Ова што сега го гледаме наликува на времето кога Милошевиќ на Косово поставувал подобни Албанци на раководни функции. Министерот за образование веќе почна насилно да поставува директори кои подобни и прикладни за Заев. Сменетите директори ги политизираа училиштата и направени незаконитости и на нивни места беа поставени вршители на должност“, изјави Таравари.

Гостиварскиот градоначалник непосредно по преземањето на функцијата, назначи нови раководители во седум училишта. По ова следуваа реакции во јавноста, најмногу од ДУИ. Пред речиси еден месец, МОН донесе решение за одземање на вршење на работи од надлежност на градоначалникот на општина Гостивар кои се однесуваа во делот на назначување и именување на директори во основното и средното образование. Вршењето на овие надлежности го презема Министерството за образование и наука во траење од девет месеци.