Министерството за одбрана ќе го раскине договорот со Пуцко Петрол за набавка на мазут

Регулаторната комисија испрати информација до Министерството во која се вели дека компанијата „Пуцко Петрол“ нема право да врши набавка на овој нафтен дериват.

Во согласност со одговорот на Регулаторна, Министерството за одбрана ќе започне постапка за раскинување на договорот со „Пуцко Петрол“ за снабдување со мазут, соопшти Министерството.

Претходно денеска, министерката министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека Министерството ќе постапи согласно одговорот на Регулаторната комисија.

„Веќе побаравме од Регулаторната комисија кое е единственото задолжено тело да ја следи оваа политика, дали компанијата која победи на електронската аукција има дозвола да работи со мазут или не. Ќе постапиме така како што ќе извести Регулаторната комисија. Досега еден денар не е исплатен врз основа на овој договор. Тој е потпишан за Министерството да врати стар долг на мазут во државните резерви“, рече Шекеринска.