Министерот Филипче ги посети дежурните лекари


Министерот за здравство Венко Филипче синоќа ги посети лекарските тимови на Клиниката за токсикологија и Ургентниот центар, кои беа дежурни за време на новогодишната ноќ.

Од Министерството за здравство информираат дека за време на посетата лекарите потенцирале оти се уште нема зголемена фреквенција на пациенти, но дека тие се подготвени во случај да има потреба од какви било интервенции.

Дежурните медицински тимови обезбедуваат 24-часовна здравствена заштита за граѓаните.