Министерот Тевдовски најбрз во трката меѓу бизнисмените

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во Скопје и освои златна штафета. Сребрена штафета освои тимот од „НЛБ Тутунска банка“, а трети на целта стигнаа тркачите на „Телеком“ кои ја освоија бронзената штафета.

Се натпреваруваа тимови од компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и субјекти на деловно-општествената заедница. Патеката од 8 километри ја трчаа по четворица претставници од секоја компанија кои се менуваа на два километри. Тимовите беа машко – женски состав, за симболично да се покаже работната атмосфера во компаниите.

И минатата година најбрз на штафетната бизнис трка беше тимот од Министерството за финансии.

Организатор на бизнис трката е здружението „Прв до врв“ од Скопје.