Миле Јанакиески се вработил во „Пелистерка“

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески соопшти дека повеќе не е вработен во ВМРО-ДПМНЕ, туку дека сега работи во „Пелистерка“, јавува Телма.

Тој, оваа информација ја соопшти на денешното рочиште во Кривичниот суд каде што започна судењето на случајот „ТНТ“ на Специјално јавно обвинителство.

Јанакиески заедно со Никола Груевски, Тони Трајковски на денешното рочиште се изјаснија како невини.

„ТНТ“ на СЈО кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

Според СЈО, обвинетите во 2011 сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски. Обвинителите истакнаа дека обвинението ќе го докажат преку собраните материјали и докази, како и сведочења на лица и вештаци.

Според СЈО, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Груевски, Јанакиески, Трајковски и останатите четворица обвинети Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева, пред судот кажаа дека не се чувствуваат виновни.

Нивните адвокати на почетокот побараа судот да каже дали ги прифаќа аудио материјалите од СЈО, а постапката да не почнува додека тоа не биде одредено, бидејќи не можат да формираат ефективна одбрана зашто не знаат од што треба да се бранат. Судот одговори дека одбраната ќе добие сите материјали и судењето може на почне.

Судијата Огнен Ставрев ги одби и барањата на адвокатите рочиштето да не се снима визулено и тонски.

По водедното обраќање на СЈО, адвокатите побараа пауза, што беше прифатено од судијата.

Апелацискиот суд на 4 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ да можат да се користат како докази во судската постапка.