Марија Џунова ќе претстави артвидео во Велес


Ликовната уметница Марија Џунова од Велес ќе го претстави своето арт видео на видеобим на надворешен ѕид од театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“.

Видеото ќе се прикажува секој вторник од 14 август до 4 септември од 19 до 19.30 часот.

На арт видеото е документиран прерформансот „Мантра за секогаш мрсни времиња за професорот и Герил Брутски“ одржан во октомври минатата година во велешко Пешти.

Изложувањето на видеото на отворен простор ќе овозможи понепосреден контакт со публиката отколку негово изложување во галерија или музеј.