Манчестер Јунајтед подготвен да го продаде Погба


Сопствениците на Манчестер Јунајтед планираат ново тензично лето заедно со Жозе Мурињо, пишува денешен „Мирор“.

Според информациите на весникот, Португалецот го губи трпението кон француската ѕвезда на тимот Пол Погба и ќе се обиде да го го искористи како адут за привлекување на дел од трансфер целите.

Французинот е проценет на околу 200 милиони фунти до овој момент, откако беше купен за рекордна сума во 2016, кога беа платени 89 милиони фунти на Јувентус.

Приоритет во селекцијата на Мурињо се дефинираат две од ѕвездите на Реал Мадрид – Рафаел Варан и Тони Крос, а Погба ќе биде предложен за замена плус доплата. Покрај нив, Португалецот ќе се обиде да ги доведе на „Олд Трафорд“ и Марко Верати од ПСЖ и Алекс Сандро од Јувентус, пишуваат од англиското издание.

Веќе неколку недели медиумите на Островот предвидуваат сериозна чистка во соблекувалната на „црвените ѓаволи“, особено по разочарувачките резултати и најмногу поради елиминацијата од Севиља во осминафиналето во Лигата на шампионите и играта на тимот, која не ги задоволува раководството и навивачите.