(ВИДЕО) Македонци и Грци се степаа на протест во Мелбурн, полицијата употреби солзавец

Иако протестите во Мелбурн, кои биле организирани од тамошни грчки организации, биле најавени како мирни, сепак не поминале без инциденти. Околу 2.000 учесници на протестот, потпомогнати и од српски организации од Мелбурн, забележале поголема група Македонци кои пиеле кафе во близина на местото каде што се одржувал протестот, при што вербално и физички ги нападнале.

За среќа, полицијата била во близина, па со употреба на солзавец успеала да спречи поголем инцидент.