Македонски шуми објави оглас за вработување на 325 лица
Јавното претпријатие „Македонски шуми” – Скопје, објави оглас со кој бара да вработи 325 лица на определено време од една година.
Според огласот се бараат 216 сечачи и 109 дотурачи на дрва.
Работните задачи за работно место сечач опфаќаат оборување, кроење и изработка на шумски сортименти, a за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти.
Месечната нето плата за работното место сечач изнесува 14.490 денари, за работно место дотурач изнесува 13.050 денари.
Македонски шуми има околу 2.500 вработени.