Лоба на празничен викенд во Охрид


Поп-пејачката Викторија Лоба со секси фотографија од Охрид го честиташе Илинден. Од луксузна јахта среде езеро, Лоба со развеано македонско знаме го честиташе големиот празник. Пејачката убавото време и слободниот продолжен викенд реши да го помине покрај охридското езеро.

Викторија минатиот месец одмараше на Санторини, на популарниот грчки остров на зајдисонцето, во друштво на нашата продуцентка и диџејка со интернационална кариера Марга Сол која на 30 јуни стана првиот македонски артист што настапи во светски познатиот ланец-бренд „Буда Бар“.

Лоба подготвува нов материјал со Марга Сол, кој е  со модерен звук.