Лидер во регионот: Според Индексот на економска слобода, Македонија се приближува до Скандинавија

Оценката за економската слобода на Македонија е 71,1, што ја прави нашата економија 33. најслободна земја во светот, според Индексот на економски слободи за 2019 година.

Македонија е рангирана на 17. место меѓу 44 земји од Европа, а вкупниот резултат е над регионалните и светските просеци.

Македонија ја одржува макроекономската стабилност по глобалната финансиска криза, но внатрешната политичка криза ги попречува економските перформанси.

Фискалната политика во изминатава година беше лабава, со непродуктивни јавни расходи, вклучително и субвенции и зголемување на пензиите, како и зголемување на гаранциите за долгот на претпријатијата во државна сопственост.

Широката неформална економска активност може да генерира приход еднаков на 20% до 45% од БДП. Потребни се структурни реформи за решавање на корупцијата во владата и зголемената бирократија. Правната рамка е здрава, но примената е бавна и слаба, се наведува во овогодинешниот извештајот за економските слободи изработен од „Херитиџ“.

Од земјите во регионот пониско рангирани од Македонија се Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, кои се рангирани на 83., 86. и 92. место, соодветно, а Словенија (58), Албанија (52), Бугарија (37).

Највисоко рангираните земји во овогодинешниот Индекс на економска слобода се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија, а најлоши се рејтинзите на: Зимбабве, Република Конго, Еритреја, Куба, Венецуела и Северна Кореја.