Лидерите дискутираат во Брисел за светските закани во економијата и безбедноста

Белгија – Лидерите на над 50 држави од Европа и Азија денеска се собираат во Брисел, за да дискутираат за клучните проблеми во областа на трговијата и безбедноста и да дадат поддршка на меѓународниот поредок, критикуван од американскиот претседател Доналд Трамп.

Дванаесетата средба на врвот на Азија-Европа самит (АСЕМ) ги собира лидерите на сите 28 членки на ЕУ и претставници на 23 други земји од Азија и Европа, вклучувајќи ги и премиерите на Русија, Кина и Јапонија.

Заедно, овие земји учествуваат со 55 проценти од светската трговија, 60 проценти од населението на Земјата и 65 проценти од светскиот бруто-домашен производ.