Лацио очекувано подобар од Удинезе


Фудбалерите на Лацио забележаа очекувана победа против Удинезе, во заостанат натпревар од 12.коло на италијанската Серија А.
Лацио пред своите симпатизери на „Олимпико“ во Рим го победи Удинезе со 3-0.
Домаќините поведоа во 22.минута, благодарение на автоголот на Самир Сантос. До крајот на првиот дел домаќините пропуштија неколку можности да постигнат и втор гол.
Тоа конечно им успеа во втората минута од второто полувреме (47) кога Португалецот, Нани успеја да го совлада гостинскиот голман Бицари.
Конечниот резултат 3-0 за Лацио го постави Фелипе Андерсон на три минути пред крајот (87).
Со трите бодови и вкупно 46 Лацио сега е само на третата поциција на табелата зад лидерот Наполи кој има 54, Јувентус со 53, а пред Интер со 43, односно Рома (40) и Сампдорија (33).
Токму овие две екипи, Сампдорија и Рома вечерва ќе се одигра својот меѓусебен дуел, и тоа заостанат третото коло