Лансиран сателит што наликува на светкава „диско-топка”

Калифорниската компанија „Рокет лаб” во земјината орбита лансираше сателит што наликува на огромна диско-топка и ќе биде најсветкавиот предмет на небото ноќе.

Сателитот „Хјуманити Стар“ („Ѕвезда на човештвото“) е лансиран од Нов Зеланд и набрзо се стационионира во орбитата.

Основачот на „Токет лаб“, Новозеланѓанецот Питер Бек се надева дека „диско-топката” ќе им укажува на луѓето „колку се кревки во огромната Вселената“ и дека „човештвото има крај и нема да бидеме овде засекогаш”.

Сателитот има облик на „геодезиска сфера”, направена од карбонски влакна, со 65 високорефлектирачки полиња. Се врти брзо околу својата оска, насочувајќи ја сончевата светлина кон Земјата, па така и навечер ќе може да свети на небото.

„Хјуманити Стар“ ја облетува Земјата за 90 минути, постојано менувајќи го правецот за неколку степени, па може да се види од секое место во светот.