Лавров: Македонија е таа што треба да направи отстапки во спорот за името за да влезе во НАТО

Рускиот министер смета дека Македонија, која сака да стане дел од НАТО, ќе треба да ги направи отстапките, за разлика од Грција која е веќе членка на Алијансата, оцени рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на годишната прес-конференција на руското МНР во Москва.

Интензивирањето на разговорите за името на Македонија е поврзано со желбата на САД да ја внесат оваа држава во НАТО, смета Лавров.

Тој рече дека по долгогодишниот полусон разговорите сега се интензивираат и на сите им е јасно зошто – не станува збор за приближување на двата балкански народа, туку желбата на некои едната од нив да стане членка на НАТО.

Прашан дали Москва ќе го прифати евентуалното ново име на Македонија, која патем од Русија е признаена под уставното име, Лавров одговори: „Какво било име што ќе го договорат Атина и Скопје, а кое официјално ќе биде внесено во Уставот на Македонија, ќе биде прифатено од руска страна“.