Курц: Замрзнување на платите на австриските политичари


 

Виена – Лидерот на австриските конзервативци и најверојатно иден канцелар, Себастијан Курц предложи следната година да бидат замрзнати платите на политичарите во таа земја, бидејќи ревизорите пресметаа дека пратениците имаат право на раст на платите од 1,5 проценти.

Курц, кој преговара за нова коалициска влада со десничарската Слободарска партија на Австрија, рече дека предлага замрзнување на платите за членовите на австриската влада и парламентот.

Тој се надева дека ќе постигне договор со другите партии во овој месец.

– Ние ветивме дека ќе штедиме во системот, а не на луѓето. Тоа значи дека треба да почнеме од политиката, од самите нас, рече Курц.

Австриската ревизорска комора пресмета дека на пратениците им следува зголемување на платите за 1,5 проценти следната година.