Крис Волкер: Се надевам дека Русија ќе побара мир во источна Украина
Специјалниот пратеник на САД за Украина, Курт Волкер изјави дека се надева оти Русија „ќе побара мир и ќе се повлече од источна Украина“, а ако го направи тоа, Вашингтон е подготвен да ја одигра својата улога во процесот на транзиција.
Според Волкер, кој е во посета на Варшава, САД и предложиле на Русија, сили со мандат од ОН да се грижат за безбедоснта во сепаратистичките региони во источна Украина, по „руското повлекување“.
– Сега се чека одговор од Москва, додаде Волкер.
Тој истакна дека се надева оти Москва ќе се согласи на предлогот на САД, поради високата цена, која ја плаќа – за воени расходи, жртви, заладени односи со САД и ЕУ, но и поради факот дека како резултат на конфликтот добиваме една Украина која е „понационалистичка, пообединета и попрозападно и поантируски ориентирана од кога било досега”.