Крими триаголник: „ДНК“ со нови песна и спот за „Пола човек“
„ДНК“ имаат нова песна со наслов “Пола човек”. Авторскиот тим кој стои зад темата е веќе стандарден за нив, па така текстот е на Панчо, аранжманот на Лазар Цветковски, а музиката нивно заедничко дело. Песната, и повторно очекувано за Панчо и Андреј, излегува во истовремено со спот работен под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц.
Кадрите за видеото се веќе снимени и тоа на неколку интересни локации меѓу кои една напуштена фабрика, на отворено и во хотел. Во прашање е една несекојдневна приказна, односно крими триаголник и љубовна измама – динамично видео во стилот на Панчо и Андреј.
Главната улога ја има Олгица Стрика од Куманово, девојката која всушност се појавува и во спотот за “Само таа знае како”, чие повторно појавување е и рарирет за момците кои немаат баш обичај да се повторуваат. Овој пат имаат силна причина, впрочем, ќе го видите видеото и се ќе ви стане јасно.
Премиерата на “Пола човек” се очекува во првата недела од месец март, а освен Панчо, Андреј и Олгица во видеото се појавуваа уште тројца интересни статисти.