Коцијанчич: Приштина да ги повлече мерките, сите да се воздржат од провокации
Таа ги отфрли критиките од Приштина дека шефицата на дипломатијата на ЕУ Могерини е пристрасна и оти го критикува смао Косово.
„Реакцијата на косовските власти во овој контекст едноставно не е вистинскиот начин. Постојат начини да се решат овие прашања и со нив треба да се користите“, вели Коцијанчич. Таа посочи дека сите разлики треба да се решаваат во рамки на дијалогот Приштина – Белград.
„Последните акции, мерки и изјави од Косово и од Србија, кои другата страна ги сфати како навреди и провокација, се вознемирувачки, не му користат на дијалогот и нормализацијата на односите и подриваат се она што беше сработено во рамки на дијалогот“, рече Коцијанчич.
Што се однесува мерките кои ги воведе Приштина, Коцијанчич рече: Нашата порака е јасна и доследна. Во прашање е кршење на ЦЕФТА договорот и не е во духот на Спогодбата за стабилиазција и асоцијација.
По неуспехот на Косово да стане членка на Интерпол, Владата во Приштина вчера донесе одлука за зголемување на таксите за производите од Србија и Босна и Херцеговина за 100 проценти