Косово од денеска со Министерство за одбрана


Косово – Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утрово свечено ја откри таблата на влезот на новото Министерство за одбрана на Косово, со што симболично го одбележа подигнувањето на повисоко ниво на досегашното Министерство за безбедносните сили на Косово (ФСК).

– Со симболичниот настан на откривањето на таблата со написот „Министерство за одбрана“ од денеска Косово го формализира својот интитуционален чадор за најмладата восјка на светот, порача Харадинај.

Рустем Бериша, кој од септември 2017 година беше министер за ФСК, а од денеска е министер за одбрана, изјави дека „денешниот ден е посебен ден за Министерството, за ФСК и за сите граѓани на Косово“.

Тој најави дека транзицијата на ФСК ќе се одвива постепено и дека се планира да се заврши во наредните 10 години.

Министерството за ФСК прерасна во Министерство за одбрана минатиот месец, кога во косовското Собрание беа изгласани трите закони, со кои ФСК практично се трансформира во војска на Косово.