Концертни промоции на албумот „Пази куче“ од Васко Атанасовски


Македонскиот андерграунд изведувач Васко Атанасовски ќе има две концертни промоции на албумот „Пази куче“ кој излезе во октомври 2017 година. Настапите ќе се одржат на 23 и 24 март во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот.

Албумот „Пази куче“ е првото соло издание на Атанасовски и е издадено заеднички со неговата издавачка куќа „Балкан Велики“ и „Geenger Records“ од Хрватска. На оваа плоча тој се потпишува како продуцент, автор на текстовите, музиката, аранжаните, а воедно и вокал, гитарист и басист.

Атанасовски презема голем дел од обврските за албумот, но негов клучен соработник е Дени Крстев. Тој стои зад програмирањето на ритамот, клавијатурите, а сите песни на албумот се снимени и мастерирани во неговото студио „Студио 1060“.

Меѓу соработниците очекувано се појавува и Кристина Горовска, вокалистката на „Бернајс пропаганда“, како и Мајк Ват ( познато по „Minutemen“ и „The Stooges“ на Иги Поп), кој е јавува како автор на отографијата за задната страна на албумот. Дизајнот е изработен од Иван Антуновиќ.

Билетите за концертите може да се набават на билетарата на Кинотека на Македонија. Во претпродажба по цена од 200 денари и по цена од 300 денари на врата.