Клуни со награда за животно дело на Американскиот филмски институт


САД– Оскаровецот Џорџ Клуни ќе се закити со највисоката награда за животно дело во филмот на Американскиот филмски институт АФИ. Актерката Џулија Робертс ќе ја има честа да го додели признанието.

Институтот денеска соопшти дека Робертс ќе му ја додели на Клуни 46. награда на АФИ за животно дело на гала вечерата во Долби театарот на 7 јуни.