Кети Пери не доби кинеска виза за ревијата на “Викторијас сикрет“
KИНА- Американската поп-ѕвезда Кети Пери не доби виза за Кина каде требаше да да настапи на ревијата на ангелите на “Викторијас сикрет“ на 28 ноември прв пат во Шангај, Кина. Кинеските медиуми објавија писмо во кое Кејти Пери ги моли тамошните власти да направат исклучок и во кое ветува дека „на ниту еден начин нема да го загрози кинеското единство и интегритет“.
Пред две години Кејти Пери ги налути кинеските обожаватели затоа што во таа земја се појави на сцената со знаме на Тајван, но и со сончогледи кои претставувале симбол на протестот во Тајван и предмет на спор со Кина.
Инаку, листата на познати личности од САД на кои Кина не ѝ дозволува пристап во својата земја е сѐ подолга. Покрај Кејти Пери, на „црната листа“ се наоѓаат и Лејди Гага, Бјорк, Ричард Гир и други славни личности.