Кајли Џенер роди ќерка


САД- Кајли Џенер стана мајка. 20-годишната ѕвезда од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ доби ќеркичка.

Среќната вест Џенер ја објави со видео од моменти од целата бременост и новороденото бебенце. Ова е првото дете на Кајли и 25-годишниот рапер Травис Скот, а бременоста беше чувана во тајност.

„Разбирам дека сте навикнати јас да ве водам низ сите мои патувања, но мојата бременост беше едно патување кое избрав да не го правам пред светот. Знаев дека треба да се подготвам за оваа животна улога на начин кој е позитивен, здрав и без стрес“ – напиша Кајли, заблагодарувајќи им се на фановите за разбирањето.

„Бременоста беше најубавото, најмоќното искуство кое ти го менува животот и всушност ќе ми недостига. Ги ценам моите пријатели и целото семејство кои ми помогнаа да го чувам овој специјален момент колку што е можно повеќе приватен. Мојата убава и здрава ќеркичка пристигна на 1-ви февруари и едвај чекав да го споделам овој благослов“ – дополни таа.