Каматата на кредитите непроменета, на депозитите намалена

Банките во земјава во ноември 2017 година одобрувале кредити со просечна каматна стапка од 5,1 процент која остнала непроменета во последните три месеци, додека кај депозитите просечната каматна стапка изнесувала 1,3 проценти која забележала намалување од 0,1 отосто на месечно ниво.

Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека каматната стапка на кредитите на корпоративниот сектор изнесувала 5,3 проценти, а кај домаќинствата 6,4 проценти. Кај депозитите каматната стапка на претпријатијата изнесувала 1,9 проценти, а на населението 1,5 проценти.

Каматата на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор забележала намалување од 0,1 процент. При тоа анализирано од аспект на валутната структура на одобрените кредити, минималната надолна промена е евидентирана кај каматните стапки на сите компоненети и тоа кај денарските кредити со валутна калузула за 0,2 проценти и без валутна клаузула од 01, процент и кај кредитите во странска валута за 0,1 процент. На годишна основа каматната стапка бележи намалување од 0,6 проценти.

Каматата врз која се одобрувале нови кредити во корпоративниот сектор во ноември изнесува 4,9 отсто и има месечно зголемување од 0,1 процент. Месечниот раст е резултат на зголемувањето на каматните стапки кај денарските кредити со валутна калузула од 0,2 проценти и кредитите одобрени во странска валута од 0,1 проценти, наспроти падот кај каматната стапка на денарските кредити без валутна клаузула од 0,1 процент. Споредено со октомври претходната година каматата е пониска за 0,8 проценти.

Депозитите на корпоративниот сектор имале камата од 1,9 проценти со месечен пад од 0,1 процент кој е резултат на намалувањето кај каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута за 0,1 процент. На годишно ниво стапката е понисла од 0,2 процнети.

Новопримените депозити на корпоративниот сектор имале камата од еден процент и на месечна основа не бележи промена, а во однос на ноември претходната година има намалување од 0,6 проценти.

Кредитите одобрени на домаќинстата во ноември имаат просечна каматна стапка намалена за 0,1 процент. Каматата на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесувала 5,5 проценти каде е забележана минимална надолна промена од 0,1 процент во споредба со претходниот месец, а на годишна основа е забележано намалување од 0,3 проценти.

Од април 2017 година просечната каматна стапка на вкупните депозити од домаќинствата се одржува на ниво од 1,5 проценти. Просечната каматна стапка на новопримените депозити од домаќинствата во неомври забележала намалување од 0,1 процент и изнесува 1,6 проценти.