Калиопи со концерт во „Сава центар“ во Белград


Поп-ѕвездата Калиопи (51) се фокусира на музичката кариера во регионот и засега не планира концерти во Македонија. Задутре ќе одржи концерт во Белград, во Сава центарот и премиерно, во живо ќе ја изведе новата песна на Ромео Грил  „Пресуда“ на српски јазик, снимана во студија во Базел и во Загреб.

Калиопи претходно одржа успешна мини турнеја низ Србија, одржувајќи три концерти: во Крагуевац, во Ниш и во Јагодина.

Важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет. Два пати не претставуваше на Евросонг, во 2012 и во 2015 година.