Како се местеле предмети кај судии – Обвинителството отвори предистрага

Скопското јавно обвинителство отворило предистражна постапка во врска со извештајот за злоупотребите во АКМИС системот по судовите.

Предистражната постапка е отворена врз основа на извештајот од експертската група на Министерството за правда од напаравените контроли во Основниот суд Скопје 1, во Врховниот суд и во други судови.

Претседателот на Здружението на судии Џемали Салити денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со ова рече дека не е запознат со предистражната постапка, но истакна дека ја поддржува секоја активност која е во насока на утврдување на вистината и откривање на овој кој го прекршил законот.

– За предистрагата немам информации, но неколкупати сум истакнал дека ја поддржувам било која постапка со која ќе утврдат незаконитости, дури и мои да се иако не сум директно инволвиран во работата на АКМИСОТ. Времето ќе покаже дали навистина има или не злоупотреби во редовна судска постапка, рече Саити.