Казна и до 2.000 евра за тие кои нема да стојат при интонирање на црногорската химна


Владата на Црна Гора денеска усвои  нови законски решенија според кои е предвидена казна од 300 до 2.000 евра за лицето кое нема да стои за време на интонирање на националната химна.

– Казните за физичките лица кои нема да стојат при изведување на химната на Црна Гора ќе изнесуваат од 300 до 2.000 евра, потврди министерот за култура Александар Богдановиќ по владината седница.