И Ума Турман го обвини продуцентот Вајнстајн за сексуален напад
САД- Актерката Ума Турман, муза на режисерот Квентин Тарантино и блиска на продуцентот Харви Вајнстајн, е уште едно име во листата со актерките кои го обвинија холивудскиот магнат за сексуален напад, пренесе Франс прес.
Во интервјуто објавено вчера во „Њујорк тајмс“, Турман изјави на што била подложена. Фактите датираат од времето по прикажувањето на филмот „Pulp Fiction“ на Тарантино во 1994 година.
Нивната работна средба во Париз добила чуден пресврт, кога Вајнстајн ја поканил актерката во неговата соба, а потоа во сауната на хотелот. Тогаш Турман се сретнала со продуцентот во Лондон, повторно во неговата хотелска соба.
„Тој ме удри и се обиде да се фрли врз мене и да ме соблече. Направи еден куп непријатни работи“, раскажува таа во интервјуто.
Малку потоа Ума Турман отишла во хотелот на напаѓачот, за да се сретне со него, и го предупредила: „Ако го направиш на друг она што го направи со мене, ќе ти ја уништам кариерата, репутација и ќе го изгубиш семејството, ти гарантирам“.
„Г-дин Вајнстајн признава дека направил обид да се зближи со г-ѓа Турман, откако погрешно го протолкувал нејзиното однесување во Париз. Тој веднаш се извинил, но се прашува денес поради какви причини Ума Турман чекала 25 години за да ги обелодени јавно овие обвиненија“, реагира портпаролот на поранешниот продуцент, кој во моментов е во Аризона.
Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) вчера го исфрли од своите редови Вајнстајн заради скандалите за сексуална злоупотреба, објави АП. БАФТА изјави дека, по суспендирањето на членството во октомври 2017 година, таа одлучи да го отстрани Винестин од членството и “одлуката веднаш стапила во сила”.
Тој и неговиот брат Боб се основачи на филмските дистрибутивни куќи Мирамакс и компанијата Вајнстајн.